Во услови кога светските економии се бореа за ублажување на ефектите од претрпените загуби, а прогнозите за 2021 година беа ставени во сенка на имунитетот на вирусот, фармацевтската компанија Алкалоид одлучно ја продолжи својата традиција на помагање.
“Ние препознавме дека помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено кога кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во 2020 година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет, а компанијата во текот на целата година даде 1,2 милиони евра во донации кон здравствени установи, институции, здруженија на граѓани и кон голем број поединци. Нашите донаторски активности продолжуваат и во годината на нашиот 85-годишен јубилеј, а доколку сакате и вие да се вклучите во една од нив, погледнете го нашиот хуманитарен видеоспот. За секој преглед на видеото до 20 септември, Алкалоид ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести“, стои на официјалната Facebook страница на Алкалоид.
Фото: Facebook