American Express во вториот квартал оствари нето добивка од 2,28 милијарди долари

44

American Express во вториот квартал од оваа година оствари нето добивка од 2,28 милијарди долари, надминувајќи ги прогнозите на аналитичарите на Wall Street.

Според податоците, аналитичарите очекувале добивка од 1,67 долари по акција, а реално беа остварени 2,80 долари по акција.

Во истиот период во 2020 година, нето добивката на компанијата беше само 257 милиони долари или 29 центи по акција, пренесува Ројтерс.

Причина за добрите резултати на American Express е зголемената потрошувачка на корисници на платежни картички, како и значителното економско закрепнување на САД, што на компаниите им овозможи да ослободат повеќе средства од резервите за покривање на потенцијалните загуби.

Фото: Pexels