Кога за прв пат се појави live streaming, односно емитување на видео во живо на интернет, тоа воопшто не беше ефтин начин на презентација.
Но, со текот на времето, прикажувањето на видеата на интернет стана бесплатно со исполнување на одредени услови. Сега YouTube повторно ги промени тие услови за бесплатниот live streaming.
Ако до пред некое време беше потребно да се има 1000 претплатници за да може да се емитува видеото, сега според новите правила доволни се само 100.