Откако во млечните производи, кои новозеландската компанија Фонтера ги дистрибуираше на кинескиот пазар беше пронајдена опасна бактерија предизвикувач на ботулизам, таа упати длабоки извинување на Кина.
“Длабоко се извинуваме на сите кои се погодени”, изјави во Пекинг извршниот директор на Фонтера Тео Спрингс, при тоа потенцирајќи дека компанијата издала предупредување со што преку тестови е утврдено дека во нејзините млечни производи се наоѓа бактерија која предизвикува опасна болест.
Поради опасност од ширење ботулизам, Кина и Русија го стопираа увозот на млеко во прав и други млечни производи од Нов Зеланд.
Двете земји ја донесоа одлуката откако Фонтера вчера соопшти дека повлекува 1.000 тони млечни прозводи затоа што на тестовите е утврдено присуство на бактерија која ја предизвикува тешката болест.