Стапката на невработеност во Шпанија е намалена во вториот квартал од оваа година бидејќи компаниите го зголемиле бројот на вработени по ублажување на рестриктивните мерки.
Стапката на невработеност во периодот април – јуни се намали на 15,26% од 15,98% од претходниот квартал, пренесува Ројтерс.
Сепак, останува значително над стапката од 13,78% којашто е забележана во четвртото тримесечје од 2019 година, пред пандемијата да земе замав во Шпанија.
Тамошната влада очекува стапката на невработеност да се намали на 15% до крајот на оваа година и на 14% во 2022-ра година.
Во вториот квартал се отворени околу 465.000 нови работни места, што укажува на тоа дека економијата закрепнува од негативните стапки на раст во првото тримесечје од 0,4% кога владата ги заостри ограничувањата за се сузбие ширење на заразата.
Фото: Pexels