Триглав Осигурување со нето добивка од 13,3 милиони денари во вториот квартал

55

Триглав Осигурување АД Скопје во вториот квартал од оваа година оствари нето добивка од 13.382.000 денари. Гледано кумулативно, заклучно со 30.06. 2021 година остварена е нето загуба од работењето во износ од 17.573.000 денари.

Нето приходите од премија за 2021 година изнесуваат 407.459.000 денари, кое што претставува намалување во однос на 2020 година за 9,7%, односно за 43.796.000 денари.

Гледано аналитички, причините за намалувањето се:

  • Раст на бруто премијата за 26.651.000 денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата;
  • Раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 9.074.000 денари, што делуваше негативно на нето премијата.

Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2020 година, влијаеше негативно за 61.373.000 денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 24.069.000 денари и се за 17,4% пониски од 2020 година. 81% од овие приходи се однесуваат на камати, а 7% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана капитална добивка од продажба на финансиски средства. Намалувањето на овие приходи во однос на минатата година се должи на дополнителниот пад на каматни стапки на финансиските инструменти, како и на пониските реализирани капитални добивки.

Приходи по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 39.700.000 денари и се повисоки за 2.341.000 денари, односно за 6% во однос на 2020 година, поради повисоката премија предадена во реосигурување.

Oстанати приходи на осигурување остварени се во износ од 4.216.000 денари и бележат минимален пад од 4%.

Oстанатите приходи се во износ од 6.973.000 денари и бележат раст од 41%. Главна причина за растот е тоа што оваа година имаме повисоки приходи од рефундации од Националното биро по основ на исплатени штети.