Технолошкиот гигант Microsoft преговара за инвестиции во индиски старт – ап синџир хотели Oyo, јавува CNBC.
Вредноста на потенцијалниот договор не е позната, но вредноста на хотелскиот старт – ап зад која стои Softbank се проценува на околу девет милијарди долари.
Oyo овој месец успеа да добие 600 милиони долари од глобални институционални инвеститори, а средствата ќе се користат за подмирување на обврските и други инвестиции.
Oyo, исто така, работи на потенцијално котирање на берза, но не се знае кога ќе биде организирана иницијалната јавна понуда.
Фото: Facebook