Основачите на Google и соосновачи на Alphabet, Лери Пејџ и Сергеј Брин од мај оваа година продале акции вредни над милијарда долари.
Пејџ продал акции во вредност од 462 милиони долари, додека Брин продал акции вредни 61 милион долари. И двајцaта продале акции по однапред утврден план на тргување. Последен пат продале акции во 2017-та година, кога им истече последниот план за тргување.
Акциите на Alphabet оваа година имале добра вредност додека котираа на берза. Вредноста на акциите од класа А се зголеми за 50% во однос на минатата година и ја надминаа вредноста на акциите на Amazon и Apple. Од компанијата соопштија дека имале големи приходи и заработка во вториот квартал.
Пејџ од позицијата извршен директор на Alphabet, во чија сопственост е Google, ја отстапи на крајот на 2019 година. Тогаш за извршен директор на Google е избран Сундар Пичаи, a во исто време Брин отстапи од позицијата директор на Alphabet.
Фото: Pexels