Twitter Хотел за млади во Мајорка

41

Sol-Wave-House-MajorcaХотелот Sol Wave House во Мајорка, Шпанија спроведе еден експеримент за своите гости. Имено во хотелот престојуваат најмногу млади луѓе кои се во потрага по забава и сакаат да креираат виртуелна заедница преку социјалната мрежа Twitter.

twitter-themed-hotel-1

Преку користење на мрежата hashtag #SocialWave, достапна само преку бесплатниот интернет во хотелот гостите ќе можат да влезат во виртуелна соба за разговор, каде ќе можат да се дружат, разговараат, споделуваат фотографии и мисли и коментари во најмногу 140 карактери.

twitter-themed-hotel-header

За подобра комуникација најмени се и два Twitter консиержа, кои имаат за задача да одговараат на желбите на гостите преку Twitter и да го генерираат разговорот во виртуелната заедница.

twitter-themed-hotel-2

Но сепак, овој концепт на Twitter хотел наиде и на негативни критики. Некои од нив се дека самата идеја да се биде постојано на интернет, се коси со концептот на релаксирачки одмор кој самиот подразбира исклучување од виртуелниот свет, барем на неколку дена.