Платформата YouTube тестира претплата што овозможува гледа видео содржини без реклами, но без можност за преземање на видеата, користење на услугите на YouTube music и репродукција во позадина.
Меѓу првите пакетот Premium Lite е забележан во Холандија, Финска и Шведска, а засега е познато дека услугата се тестира во Европа.
Пакетот чини 6,99 евра месечно, додека редовната цена е 11,99 евра. YouTube потврди дека понудата се тестира и за Белгија, Данска, Луксембург и Норвешка со локални еквиваленти на цените.
За споредба, Netflix Basix чини 7,99 евра во некои од тие региони.
На страницата на YouTube Premium Lite се наведува дека YouTube и YouTube Kids без реклами може да се следат на повеќе уреди, вклучувајќи мобилни уреди, компјутери и телевизори.
Подостапните цени за да се овозможат основните услуги без реклами за помалку пари би требало да привлечат и поголем број корисници, а со тоа и повеќе приходи од претплата.
Фото: Pixabay