Ријана стана милијардерка со богатство од 1,7 милијарди долари

147

Препознатливата пејачка од Барбадос, Ријана во 2017-та година го основаше брендот Fenty Beauty со цел да козметичките производи на компанијата да направат “жените насекаде да се чувствуваат вклучено“. Освен примарната цел, компанијата ѝ помогна на пејачката и да стане милијардерка.

Магазинот Forbes објави дека богатството на Ријана е проценето на 1,7 милијарди долари, што ја прави најбогата музичарка на планетата. Најголем дел од богатството или 1,4 милијарди долари доаѓа токму од козметичката компанија, додека остатокот е во нејзиниот удел во компанијата за долна облека Savage x Fenty и заработката од пеење и глума.

Ријана е меѓу оние познати музичари кои ја искористија својата популарност на социјалните мрежи за да изградат козметички брендови. Дека е популарна на социјалните мрежи доказ се 101 милион следбеници на Instagram и 102,5 милиони на Twitter.

Нејзината линија за долна облека, Savage x Fenty, во којашто има 30% удел, успеа да собере околу една милијарда долари инвестиции.

Фото: Facebook