Десет пратки се губат или крадат во текот на една минута

80

Над пет милиони пакети не го нашле својот краен сопственик во Велика Британија. Пакетите се или изгубени или украдени, соопшти независната организација Citizens Advice, којашто ја повика британската влада да почне со казнување на доставувачите кои ќе ја изгубат пратката

Во овој момент само државната пошта, Royal Mail, се соочува со казна поради лошите услуги, додека Citizens Advice сугерира дека истиот вид на санкции би требало да се применуваат на целата индустрија, откако анкетите покажаа дека клиентите имале голем број проблеми со испораката. Десет пакети се губат или крадат во текот на една минута во последните 12 месеци, пренесува Гардијан.

Организацијата соопшти дека дури 20 милиони луѓе, што е 38% од сите возрасни во Велика Британија, минатата година примиле картичка со порака “жал ни е што не сте биле дома“ и покрај тоа што многу од нив воопшто не ги напуштиле своите домови поради пандемијата. Доставувачите во брзање оставале пакет на небезбедни места, како што се прагови од домовите или некои видни места во дворовите, наместо да почекаат уште неколку секунди додека да се отвори вратата.

Фото: Pexels