Сингапур би можел да стане “мека“ за криптовалути откако овие денови даде одобрение за првата берза на криптовалути. На овој начин, азискиот град – држава му “фрла ракавица“ на Хонгконг како седиште за дигитално финансирање.
Австралиската берза, Independent Reserve доби начелно одобрение од монетарното тело на Сингапур, дозволувајќи да работи како регулаторен давач на услуги на токени за дигитално плаќање откако во април минатата година поднесе барање за лиценца.
Компанијата е прв таков давател на услуги коишто сингапурското регулаторно тело ѝ додели одобрение за околу 170 барања, вклучувајќи ја глобалната берза Binance и Gemini.
Глобалните групации на криптовалути брзо се шират во Сингапур благодарение на флексибилното регулаторно окружување, коешто е сосема спротивно од другите пазари коишто имаат построг пристап во индустријата.
Економијата на Сингапур е сиромашна со ресурси и затоа во голема мера се потпира на финансиски услуги, а привлечноста на градот како бизнис центар се зголемува бидејќи Хонгконг поради законите го сметаат за помалку привлечен.
Фото: Pixabay