Кој произведува најмногу пиво во ЕУ?

110

Во текот на минатата година, скоро 32 милијарди литри пиво се произведени во земјите членки на Европската унија. По глава жител, на производство на пиво отпаѓаат по 74 литри по жител на ЕУ.

Според податоците на Eurostat, 1,4 милијарди литри пиво содржеле помалку од 0,5% алкохол.

Германија беше најголем производител на пиво во 2020 година со 7,5 милијарди литри или 24% од вкупното производство на ЕУ. Со други зборови, секое четврто пиво во ЕУ е произведено во Германија.

По нејзе следат: Полска со 3,8 милијарди литри (12% удел во вкупното производство на ЕУ), Шпанија со 3,3 милијарди литри (10%), Холандија со 2,5 милијарди литри (8%), Франција со 2,1 милијарда литри (7%), Чешка со 1,8 милијарди литри (6%) и Романија со 1,7 милијарди литри или 5%.

Холандија беше најголем извозник на пиво со извезени 1,9 милијарди литри во и надвор од Унијата. Потоа следи Белгија со 1,7 милијарди литри извезено пиво, па Франција и Чешка со по 500 милиони литри и Ирска и Полска со по 400 милиони литри извезено пиво.

Најголем дел од извезеното пиво од ЕУ заврши на пазарите во САД (895 милиони литри) и во Велика Британија (881 милион литри).

Фото: Pexels