Турски Teklas ги презема погоните на Geox во Србија

263

Турската компанија Teklas Automotive ќе ги преземе погоните на компанијата Geox во Врање.

Компанијата, која веќе има фабрика во Владичин Хан, започнува со интервјуа на вработените кои досега работеа во италијанската компанија, а српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе имаат поголеми плати кај новиот работодавач.

“Половина од луѓето ќе преминат во Teklas. Просечната плата била 34.000 динари (околу 289 евра) во Geox, а во Teklas е 62.000 динари (околу 520 евра)“, навел Вучиќ, додавајќи дека станува збор за гринфилд инвестиција.

Teklas во Владичин Хан во овој момент вработува 1.030 работници, а заедно со погоните во Врање ќе биде работодавач на вкупно 2.500 лица.

Фото: Pixabay