John Deere купи стартап кој произведува автономни трактори

Со купувањето на стартапот Bear Flag Robotics, за 250 милиони долари, глобалниот лидер во производството на работни машини John Deere доби можност да примени модерна технологија за создавање автономни земјоделски возила.

Еден од основачите на стартапот, Обри Донелан, започна стартап за производство на автономни трактори по посетата на овоштарниците во Калифорнија, чии сопственици се соочија со недостаток на работна сила, што е најголем проблем за земјоделците низ САД. Луѓето кои со години се занимаваат со овој бизнис се пензионираат или се селат во други американски држави за да ги сменат професиите.

Менаџментот на John Deere ги слушаше проблемите на земјоделците во последните години и одлучи да примени модерна технологија за производство на автономни трактори што би го решиле проблемот со недостаток на работници, пренесува TechCrunch.

“Недостатокот на квалификувана работна сила при извршување на операции кои се ограничени во времето влијае на конечниот резултат на земјоделската фарма. Автономните машини за работа се потенцијално решение за овој проблем. Мисијата на Bear Flag е да го зголеми глобалното производство на храна “, наведува извршниот директор и еден од основачите на стартапот, Игино Кафиеро.

Примената на роботиката би решила бројни проблеми што ги мачат земјоделците низ целата планета, кои дополнително се комплицираат во пандемијата.

Фото: Pixabay