Турција за скоро 50% го зголеми извозот на накит во светот

69

Турција за 48,5% го зголеми извозот на накит во период од јануари до јули оваа година, во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи вредност од 2,91 милијарда долари.

Извозот на накит на Турција во текот на седумте месеци од минатата година изнесуваше 1,96 милијарди долари.

Извозот во секторот во последните 12 месеци се зголеми за 21% во споредба со истиот период минатата година и достигна ниво од 4,73 милијарди долари, пренесува Хуријет.

САД беа најголемиот пазар за накитот на Турција во период од јануари до јули оваа година, во вредност од 454,16 милиони долари, што е 69,3% зголемување во однос на истиот период лаи.

Следуваа Велика Британија со 350,95 милиони долари и Обединетите Арапски Емирати со 338,79 милиони долари.

Фото: Pixabay