Тим од поранешни ракетни инженери на SpaceX се вклучи во трката за изградба на првиот комерцијален електричен глисер. Тие се собраа во компанијата Arc Boat, која одвои пари за развој на проект за глисер долг 7,3 метри со 475 коњски сили, кој ќе чини 300.000 долари.
Компанијата од Лос Анџелес објави дека електричниот модел Arc One ќе биде достапен за продажба до крајот на оваа година, пренесува Гардијан. Извршниот директор на компанијата Мич Ли, изјави дека сака да произведува електрични чамци поради штетното влијание на конвенционалните чамци на бензин или дизел врз животната средина.
Ли го основа Arc Boat со неговиот колега Рајан Кук, кој е главен технолошки инженер. Кук претходно беше водечки машински инженер во компанијата за истражување на вселената SpaceX на Илон Маск, каде работеше на развојот на ракетата Фалкон 9. Сите други вработени во Arc Boat имаат искуство со работа во SpaceX.
Arc Boat е една од неколкуте стартап компании што се натпреваруваат во производството на првата серија модел на глисери со електричен погон.
Фото: Facebook