Во текот на изминатите неколку години, голем напредок е направен во вселенската технологија. Неодамна бевме сведоци на успешните летови на Blue Origin и Virgin Galactic со кои официјално започна периодот на вселенски туризам.
SpaceX соработува со канадска технолошка стартап компанија за да лансира дигитален билборд во орбитата. Самјуел Рајд, главен извршен директор и еден од основачите на канадската Geometric Energy Corporation (GEC), изјави за Business Insider дека соработува со SpaceX за да нуди вселенски маркетинг.
Компанијата е во процес на изработка на сателит кој од едната страна ќе има екран на кој ќе бидат прикажувани реклами. Салетитот ќе биде лансиран на ракета на SpaceX, која ќе го однесе во орбитата.
Во орбитата, селфи-стик прикачен на сателитот ќе го снима екранот, а ова видео ќе биде прикажувано во живо на YouTubea и Twitch, за секој да може да ја види рекламата во секое време.
Сателитот ќе биде лансиран на почетокот на 2022 година, според Рајд. Луѓето ќе може да купат реклами со криптовалути, но засега не се знае колку ќе чини една реклама.
Фото: Pixabay