Facebook Messenger повеќе не е најпреземана апликација во светот

97

TikTok е прогласена за најсимнувана апликација во светот, преземајќи го првото место од Facebook Messenger, објави компанијата за дигитална аналитика App Annie.

Кинеската платформа за размена на видеозаписи е единствената апликација што не е во сопственост на Facebook, меѓу првите пет најпреземани во светот.

Сопственикот на TikTok,  ByteDance, мултинационална компанија за интернет технологија со седиште во Пекинг, и во сопствената земја го држи првото место и тоа со видео апликација на кинески јазик – Douyin.

Популарноста на TikTok продолжи да расте особено откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ја забрани во САД.

Фото: Pixabay