Хрватскиот претприемач Мате Римац одлучи неговиот кампус во кој ќе инвестира 200 милиони евра да го градат домашни компании. Според хрватските медиуми станува збор за компанија од Загреб и компанија од Самобор.
Новата локација се наоѓа на само неколку километри од сегашното седиште на Rimac Automobili и се наоѓа на парцела од 200.000 квадратни метри, додека изградената површина ќе биде околу 100.000 квадратни метри.
Просторите се дизајнирани да бидат пријателски, отворени и топли, со додадени елементи на забава. Во исто време, тие ќе бидат модерни, светли и инспирирани од природната средина.
Според најавите, сè ќе биде завршено до 2023 година, и во него ќе се развиваат нови модели на Bugatti.
За разлика од повеќето локации во автомобилската индустрија, каде што се поставени високи огради и ниво на тајност, кампусот Rimac ќе биде отворен за јавноста.
Фото: Facebook