Објавена листата на граѓани кои добија ваучери за одмор

1992

Министерството за економија ја објави листата на одобрени Потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000,00 денари.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија

Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам.

Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16.08.2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.
Листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари може да ја проверите на овој линк

Фото: Pixabay