Во првото пологодие од 2013, Македонија извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди долари. Во однос на истиот период лани, забележан е пораст на извозот од 63,071 милиони долари, додека увозот е намален за 2,492 милиони долари, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Во првите шест месеци од годинава покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,8% што претставува зголемувње за 2,8% во однос на истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во овој период, пак, е 1,185 милијарди долари или за 65,563 милиони долари помалку во споредба со првите шест месеци од 2012 година.
Во извозот најзастапени се катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.
Најмногу учество во увозот имаат нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Најмногу стоки 70,8% се извезени во земјите-членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 20,3%. Најмногу стоки 59%, пак, се увезени од земјите-членки на ЕУ.
Во првите шест месеци од годинава Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие пет земји е остварена 49,6% од вкупната надворешно-трговска размена.