Rimac, кој сега е во тесно партнерство со Volkswagen и Porsche и кој основа заедничка компанија Bugatti-Rimac во третиот квартал, има потенцијал да работи на развојот на болидите во Формула 1, бидејќи веќе е познато дека Volkswagen калкулира дали ќе се придружи на најголемиот октански циркус од 2025 година, кога започнува нова регулатива и цела нова серија мотори.
Porsche и Audi одржаа бројни состаноци на тема влез во Формула 1 во новата ера на мотори. Се разбира, новата регулатива отвора бројни шпекулации за тоа кој ќе се приклучи на спортот во 2025 година, а Rimac Automobili, пишува Planetf1, не негира дека тие би можеле да бидат еден од играчите.
“Многу луѓе во нашата компанија сакаат да работат на нашата технологија за тркачки автомобили и ние направивме прототипови“, рече Марта Лонгин, менаџерка за комуникации и маркетинг во Rimac Automobili, за Motorsport.com.
Фото: Facebook