Министерство за финансии: „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за С. Македонија

40

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за РС Македонија, објави денеска министерството за финансии.

“Потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција е само уште една потврда за позитивните економски политики коишто ги спроведува Владата“, додаваат од ресорното министерство.