Цената на гасот во Европа проби 590 долари за 1.000 кубни метри

116

Цената на гасот во Европа го надмина нивото од 590 долари за 1.000 кубни метри за време на денешното тргување на лондонската Интерконтинентална берза Европа (ICE).

Конкретно, цената на октомврискиот фјучерс за гас на холандскиот ТТФ центар достигна 592 долари утрово на почетокот на тргувањето, пренесе руската агенција ТАСС, додавајќи дека малку подоцна се лизна на околу 586 долари за 1.000 кубни метри.

Цената на гасот во Европа прво го достигна и го надмина нивото од 580 долари за 1.000 кубни метри на почетокот на минатата недела, за само неколку дена да падне за речиси 100 долари – прво поради лажните информации за започнатите испораки преку „Северен Тек 2“, а подоцна поради извештаите на руската компанија „Газпром“ дека испораките преку тој гасовод би можеле да достигнат 5,6 милијарди кубни метри до крајот на 2021 година, пренесе ТАСС.