Коцкањето е забрането во Украина 11 години. Една година откако паднаа ограничувањата за него, се чини дека игрите за обложување ќе станат нешто големо за земјата.
Во последните 12 месеци, спортските обложувалници имаа масивни рекламни кампањи во земјата, но наскоро фокусот нема да биде само на нив. Украинските власти веќе издадоа десетици лиценци за изградба на казина. Според Антон Кучухизе, претседател на украинскиот совет за коцкање, земјата ќе се позиционира како „Лас Вегас на Источна Европа“.
„Имаме најголем пазар за обложување во цела Централна и Источна Европа“, рече тој.
Борис Баум, член на комисијата, рече дека од февруари се издадени 40 лиценци за 40 индивидуални оператори во секторот. Тој додаде дека владата наскоро може да очекува годишни приходи од над 300 милиони евра од индустријата.
Приходите на трезорот од минатата година изнесуваат 41 милион долари, но се предвидува пазарот во наредните години да порасне на 20-30 милијарди долари годишно. Оваа сума е еднаква на 15% од украинската економија во моментов.
Всушност, и покрај забраната во изминатата деценија, коцкањето никогаш не престана да постои во источноевропската земја. Забраната беше воведена во 2009 година, откако неколку луѓе беа убиени во локал за коцкање. Сепак, илегалното обложување беше добро позната практика во земјата во следните години. Според различни проценки, оваа непријавена активност генерираше 1 милијарда долари годишно.
На почетокот на 2020 година, властите во земјата затворија над 900 нелегални места за обложување. Подоцна, украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше воведување закон за укинување на забраната и регулирање на коцкањето.
Секторот сега може да работи под одредени услови. Главната дозвола за таква активност во Украина е за хотели со 5 sвезди, специјално создадени за овие рекреативни комплекси надвор од градовите, како и во згради со дозвола издадена за оваа намена.
Поддржувачите на оваа политика посочуваат дека промените не само што ќе отворат многу нови работни места, туку и ќе ја стимулираат изградбата, како и закрепнување на хотелскиот и ресторанскиот бизнис по пандемијата.