Shell ќе инсталира 50.000 електрични станици за полнење во Велика Британија до 2025 година

49

Royal Dutch Shell Plc. има намера да ја прошири својата мрежа на станици за полнење електрични возила во Велика Британија за возачи кои немаат приватен паркинг, наведува „Блумберг“.

Одделот Ubitricity на Shell ќе инсталира 50.000 улични станици за полнење до 2025 година, се вели во соопштението објавено во средата. Компанијата веќе има околу 3.600 полначи во земјата во постоечка инфраструктура како улични светилки.

Велика Британија забрани продажба на нови автомобили со бензински и дизел мотори од 2030 година, што ќе бара брза изградба на мрежа на станици за полнење. Најлесен начин да го наполните електричниот автомобил е дома, но околу две третини од домаќинствата во градовите и нивните предградија немаат сопствен паркинг, според Националната канцеларија за ревизија.

Владината агенција за возила со нулта емисија на штетни гасови во моментов покрива 75% од трошоците за инсталирање улични станици за полнење, а Шел е подготвена да ги покрие останатите трошоци, во зависност од комерцијалните услови, соопшти компанијата. Досега, тие не дадоа конечна цена за вкупните трошоци на проектот.

„Како што сe повеќе луѓе се свртуваат кон електрични возила, ова е одличен пример за тоа како се користат приватните инвестиции заедно со владината поддршка за да се осигураме дека нашата инфраструктура за електрични возила е ажурирана“, рече Рејчел Меклин, министерка за транспорт на Велика Британија.