Кога една компанија ве интервјуира за работа, последното нешто што го имаат на ум е да ве „измамат“. Тие сакаат подобро да ве запознаат и да одредат дали сте вистинската личност за нив. Значи, треба да разберете дека не сте на интервју за работа за да одговорите на нивните прашања, туку да одредите дали компанијата е соодветна за вас.
Интервју за работа е еден вид истражувачки разговор, а не еднострано испрашување.
Еве ги идеалните одговори што работодавачите би сакале да ги слушнат, според Inc.com.
„Зошто ја напушти претходната работа?
Кажете нешто искрено за иднината, како на пример: „Бев подготвен за следниот чекор / можност.“ Никогаш не ја критикувајте претходната работа, ниту озборувајте за некого со кого сте работеле. Работодавачот само сака да види како е да се работи со вас.
„Што барате во следната работа?
Работодавачот сака да види дали вие, како кандидат, се совпаѓате со она што тој го нуди. На кратко, тој сака да види дали сте компатибилни. Тука е важно да сте ја проучувале компанијата, како и позицијата за која аплициравте пред да аплицирате за работа. Бидете убедливи и покажете дека навистина ја сакате токму таа работа.
„Кажете ни нешто за себе“
Компанијата сака да ја слушне вашата биографија, брза и резимирана, но и да види што е тоа што вие лично би го истакнале. Најдобро е она за што зборувате со најголем ентузијазам, да е токму она што го бара работодавачот.
Некои експерти дури препорачуваат да ја преформулирате предметната реченица по краток одговор. На пример: „Работам во маркетинг скоро 20 години и ме интересира профилот на вашиот идеален кандидат, што ќе обезбеди контекст за она за што би сакал да ви кажам повеќе“. Таквиот одговор може да претвори интервју во конструктивен разговор.
„Која е вашата најголема слабост?“
Работодавачот сака да види дали имате слабости што можат да и наштетат на работата. Бидете искрени кога зборувате за вашите „маани“, бидејќи тоа ќе се почувствува. Не кажувајте фрази како „Јас сум перфекционист“, затоа што освен што сте излитени, може да ви наштети бидејќи перфекционистите потешко пробуваат нови работи, и затоа се помалку иновативни и напредуваат побавно.
„Колкава е очекуваната плата?“
Изберете ја висината на платата со која ќе бидете задоволни следната година. Нека биде фер. Кандидатите кои јасно одговараат на ова прашање ќе бидат сфатени посериозно од оние кои одбиваат да одговорат.
„Каде се гледаш себеси за 5 години?“
Компанијата всушност сака да види дали сте „долгорочен играч“. Идеален одговор (ако немате 5 годишен план) е да кажете: „Се гледам себеси во позиција каде што можам да напредувам заедно со фирмата“ и дека се надевате дека за 5 години ќе продолжите да учите и напредувате. Само не кажувај дека не знаете.
„Зошто да ве вработиме?“
Секогаш подгответе го овој одговор. Сумирајте ги сите ваши придобивки и како можете да ги примените доколку сте во таа позиција. Општата порака треба да биде: „Атрибутите што ги барате се токму моите предности, а мојата работна биографија го докажува тоа“, пишува Bizlife.
Не кажувајте ништо претенциозно за себе, особено ако тоа не ја вклучува компанијата.
„Наведете пример за грешка што сте ја направиле и како сте ја поправиле“
Секој прави грешки, а работодавачите сакаат да видат дали сте свесни за себе и одговорни. Исто така, тие сакаат да видат дека вие сте одговорни за сопствените грешки и не ги обвинувате другите. Никогаш не кажувајтедека не правите грешки, бидејќи тоа е претенциозно и на крајот не е точно.
Едноставно е: Наведете ја грешката, застанете зад неа, не обвинувајте го другиот, објаснете како го најдовте решението. Нека биде кратко и јасно.
Бонус совет
Кога компанијата сака да ве вработи, можеби ќе сака да ги провери и вашите референци. Повикајте ги оние што ги наведовте како референци, кажете им дека компанијата може да ги повика, потсетете ги што треба да посочат итн.,