Купување на бизнис – што треба да направите

505
Business Brainstorming Graph Chart Report Data Concept

Купување на веќе постоечки бизнис е добар начин да се прескокне турбулентниот старт и да се започне од “средината”, или моментот кога почнува да станува интересно.

Разработениот бизнис веќе генерира продажба и има прилив на пари, по можност и профит, како и база на клиенти, систем на диструбуција, маркетинг и слично.

Првиот чекор при купување на бизнис е да го изберете оној што најмногу ви одговара. Изберете индустрија којашто ја знаете и разбирате и потоа побарајте бизнис кој веќе оперира во истата и што може да има корист од вашите вештини и искуство.

Притоа, запомнете дека не сте ограничени само на оние бизниси кои веќе се на продажба. Секој сопственик на бизнис може да ја продаде својата компанија, доколку биде понудена вистинската цена.

Штом ќе го пронајдете бизнисот што ви одговара, дознајте сè за истиот.

Проверете го неговиот кредитен рејтинг, дознајте што луѓето мислат за компанијата, разгледајте ги коментарите за производите/услугите на форумите.

Прашајте ги сопствениците дали може да разговарате со нивните најважни клиенти и добавувачи. Проверете дали има нешто незаконско во работењето на компанијата или некаква тужба.

Важно е да проверите и колку вработените и клиентите се поврзани со сопственикот, дали има шанса и тие да си заминат доколку дојде нов газда.

Не заборавајте да побарате и стручен совет. Проценката, преговорите, купувањето на веќе постоечки бизнис се сложени процеси и погрешниот чекор може да ве чини многу. Затоа, ангажирајте сметководител, правник или стручно лице од конкретната област.

Бидете подготвени да потрошите малку повеќе од планираното, особено ако бизнисот бил долго време на продажба. Голема е веројатноста инвестирањето во клучните области како технологија, обуки, опрема и простор да изостанe. Во тој случај ќе биде потребно што побрзо да се вложи во истите за да можете да започнете како што треба.