One cable во индустриската зона Сарај – инвестиција вредна три милиони евра

108

Економската активност во земјава расте и во услови на пандемија, а приватните инвестиции, како оваа, се потврда за довербата што ја градиме со бизнис заедницата и за предвидливиот, стабилен деловен амбиент за вложувања, рече премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката One cable за производство на кабли во индустриската зона Сарај.

Како што истакна Заев, се работи за инвестиција од три милиони евра која во моментот вработува 30 висококвалификувани кадри.

One cable, истакна Заев, инвестира во современо производство на кабли за домашниот пазар, но и за извоз, а своите производи веќе ги пласираат во неколку земји.

“Продолжуваме со посветена работа и добри економски политики. Инвестициите, вработувањата и повисоките плати го менуваат животот на граѓаните. Оваа инвестиција, на One cable, е охрабрена токму од поддршката што ја дава Владата“, рече премиерот.