Фриком и Ледо се продадени за 615 милиони евра

636

Хрватската компанија Fortenova grupa, објави дека, откако ги добиле сите регулаторни одобренија, ја завршиле продажбата на нивната деловна група за замрзната храна, која се состои од Фриком и Ледо, на англо-американскиот конгломерат Nomad Foods.

Покрај Фриком во Србија, Ледо во Босна и Херцеговина и Ледо Плус во Хрватска, деловната група вклучува и неколку поврзани компании на други пазари во Југоисточна Европа.

Главниот извршен директор и член на Одборот на директори на групацијата Fortenova grupa, Фабрис Перушко, истакна дека оваа трансакција вредна 615 милиони евра ја потврдила вредноста на продадената деловна група.

“Во исто време, донесовме стратешки партнер во регионот кој ќе продолжи да го развива бизнисот и ќе биде посветен на развојот на култните брендови Ледо и Фриком“, рече Перушко.

Перушко изрази очекување дека Nomad Foods ќе биде важен деловен партнер за регионалната малопродажба на Fortenova grupa во иднина.