Собранието на доверители на Топлификација одлучи да ја прифати понудата на Адора инженеринг која на лицитација успеа да понуди највисока цена, од 9,3 милиони евра со ДДВ за топланите Исток и Запад кои се дел од стечајната маса на Топлификација.
Ванчо Чифлиганец генерален директор на компанијата претходно изјави дека доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг ќе ја прифати без оглед, односно без разлика дали е позитивна или е негативна за нив како најповолен понудувач.
Вчера преку соопштение Чифлигнец истакна дека “идејата и интенцијата на Адора инженеринг беше најдобронамерна и позитивно стратешка за градот Скопје, односно оценивме дека Топланите Исток и Запад, кој што впрочем се од највисок јавен интерес заслужуваат да станат во сопственост и владение на домашна компанија, како не би биле предмет на изнајмување од страна на странски компании“.