УЈП ја објави најновата листа на должници

116

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2021 за долгови доспеани до 30.06.2021 и неплатени до 30.09.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.10/2021 објавени се 1.752 должници – правни лица (помалку за 50 од претходната листа) и 2976 физички лица (помалку за 61 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2021 изнесува 8.624.370.522 денари, помалку за 159.837.284 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.400.044.966 денари (помалку за 198.521.570 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 224.325.556 денари (повеќе за 38.684.286 денари од претходната листа

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.