Борис Џонсон објави партнерство со Бил Гејтс во вредност од 552 милиони долари

63

Британскиот премиер Борис Џонсон објави партнерство со Бил Гејтс во вредност од 552 милиони долари, кое ќе има за цел да ги поттикне зелените инвестиции низ Велика Британија, со ветување дека земјата брзо ќе ја зголеми употребата на чисти технологии.

Владата на Обединетото Кралство ќе се приклучи на програмата на Гејтс Breakthrough Energy Catalyst, која ќе го забрза развојот на зелената енергија со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид на нула до 2050 година.

Џoнсон го објави потегот на Глобалниот инвестициски самит во вторникот, пишува Блумберг. Програмата на Бил Гејтс се фокусира на четири технолошки сектори: зелен водород, долгорочно складирање енергија, одржливи воздухопловни горива и системи за екстракција на јаглерод диоксид.