Coca-Cola објави дека добила целосна контрола над производителот на спортски пијалоци Bodyarmor за 5,6 милијарди долари.
Гигантот купи 15 отсто од акциите во Bodyarmor во 2018 година и со тоа стана негов втор најголем акционер, а сега најави дека ќе го преземе и остатокот од акциите.
Во тоа време, кошаркарската легенда Коби Брајант беше третиот најголем акционер на Bodyarmor по инвестицијата во 2013 година, само две години по нејзиното основање.
Договорот за преостанатите 85 проценти од Bodyarmor не е сосема неочекуван. Coca-Cola за прв пат во февруари соопшти дека има намера да купи контролен пакет акции во Bodyarmor.
Поседувањето на Bodyarmore и помага на Coca-Cola да стекне поголем удел на пазарот во категоријата спортски пијалоци.