Соединетите држави од денес ќе ги отворат границите за странци вакцинирани против коронавирусот.
Сепак, странците треба да бидат имунизирани со вакцини кои се одобрени од Американската агенција за храна и лекови (ФДА) или Светската здравствена организација (СЗО), според Гласот на Америка.
Рестрикциите на почетокот на 2020 година почна да ги воведува Доналд Трамп, а потоа ги потврди и неговиот наследник Џо Бајден, но во дел од јавноста тие наидоа на остри критики.
За да се заштитат од ковид-19, американските власти етапно воведуваа рестрикции за патници од земји кои беа најризични.
Во пресрет на најавеното укинување, авиокомпаниите, како што пренесуваат медиумите, го зголемуваат бројот на трансатлантски летови и планираат да користат поголеми авиони.