Прехранбен гигант започнува со производство на месо од растително потекло во Србија

Во Сурчин, Србија се планира изградба на нова фабрика на Нестле, која ќе има дел за производство, замрзнување и пакување.

Имено, Секретаријатот за заштита на животната средина на град Белград објави јавен увид во барањето за одлучување и потребата од оцена на влијанието врз животната средина на проектот на производниот капацитет Nestle PBMS во Сурчин, поднесено од Nestle Adriatic S доо Белград.

Како што стои во проектот изработен од компанијата Д.А. Дизајн архитектура доо, планирана е изградба на фабриката Nestle PBMS (Plant Based Meal Solutions – прехранбени производи од растителна основа) која ќе произведува четири типа производи (бифтек, медалјони, гради и филе), на база на соја, глутен, масло од репка, екстракт од квасец, брашно, оцет и вода, со додадени ароми.

Се наведува дека развојниот план на Nestle Adriatic S предвидува проширување на палетата на производи, па затоа ја избра производствената локација во Србија за производство на нови производи од растителна основа, пренесува Екапија.