Facebook најави големи промени – алтернативен универзум, метаверзум, во кој корисниците ќе можат да работат, да поминуваат време со пријателите и да вршат бројни други активности. Многу луѓе сакаат да знаат каде води сето ова, бидејќи изгледа малку како дистопија.
Има сè повеќе луѓе кои истакнуваат дека таков метаверзум веќе постои – реалниот свет во кој веќе живееме. Ова е тема на последната шега на сметка на фантазијата на Марк Цукерберг, а ја смислила исландската туристичка организација Inspired by Iceland.
Групата објави видео во кое главен лик е Зак Мосбергсон – исландското, роботско алтер-его на извршниот директор на Facebook. Сето тоа се случува во просторот наречен The Icelandverse, кој исто така постои.
Јасно е дека креаторите сакале да го свртат вниманието кон деловните потези на господинот Цукерберг – метаверзумот на Facebook очигледно е начин да се оттргне темата од бројните скандали. Хуморот е моќно оружје во овој обид.