Microsoft вети: Наскоро подобрување на Windows 11

108

Во текот на следната година можеме да очекуваме подобрување во работата на корисничкиот интерфејс на Windows 11.

Microsoft ja објави стабилната 1.0 верзија на својот Windows App SDK пред неколку дена, а тимот на програмери на компанијата одлучи да побара повратна информација од корисниците.

Откако многумина се пожалија на бавните и непроменети перформанси на корисничкиот интерфејс во Windows 11, тимот програмери потврди дека всушност работи на решавање на овие проблеми во текот на 2022 година.

Програмерите на компанијата истакнуваат дека перформансите ќе бидат во фокусот на платформата во текот на следната година. Голем дел од тој фокус се однесува на перформансите за стартување на системот, како и на корекција на одредени елементи на интерфејсот кои се вчитуваат побавно.

Microsoft постигна голем напредок кога станува збор за решавање на проблемите кои доаѓаат од повратните информации од корисниците, барем кога станува збор за одредени аспекти.

Ова не е прв пат компанијата да споменува подобрување на перформансите на Windows 11. Во текот на септември, Microsoft објасни како оперативниот систем е дизајниран да ги извлече најдобрите перформанси од достапниот хардвер.