Намалени цените на производителите на индустриски производи во јули

38

Според податоците на државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,2% на месечно ниво, а се повисоки за 2,9% на годишно ниво.

Па така во јули во однос на јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,8%, во групата енергија за 0,7%, интермедијарни производи, освен енергија за 0,6% и во групата капитални производи за 0,5%.

Исто така продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата енергија за 7,7% и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%.