Просечниот долг по глава на жител на планетата е 37.500 долари

Вкупниот глобален долг на планетата изнесува околу 300.000 милијарди долари, а оваа огромна сума претставува 353 отсто од глобалниот БДП, покажуваат податоците за вториот квартал од тековната година.

Сепак, ова е подобрување во однос на првиот квартал кога глобалниот долг беше 362 отсто од БДП. Тоа би значело дека секој жител на планетата должи во просек по 37.500 долари.

Вкупното ниво на долг, кој го вклучува државниот долг, потоа долгот на домаќинствата и долгот на корпоративните и банките, се зголеми за 4,8 трилиони долари до крајот на јуни. Најголем дел од тој долг е државен или национален долг. Ова е нето акумулација на дефицитот на државниот буџет, односно вкупната сума што владата им ја должи на своите доверители.

Кога станува збор за земјите со најголем долг во однос на нивниот БДП, Јапонија е на прво место со дури 235 отсто од долгот. Јапонија должи повеќе од 13.000 милијарди долари, според ММФ. Иако САД имаат речиси 29.000 милијарди долари национален долг, тој е нешто помалку од 134% од БДП на земјата. Долгот на Грција од 379 милијарди долари изгледа речиси незначителен за Соединетите држави, но претставува повеќе од 210 отсто од БДП. Следна земја во Европската унија со најголем национален долг во однос на бруто социјалниот приход е Италија, која должи повеќе од 3.000 милијарди долари, што е речиси 135% од БДП на земјата. Според податоците пред пандемијата, Франција должела 2.900 милијарди долари, а во меѓувреме таа сума несомнено е зголемена. Долгот на Франција е повеќе од 98 отсто од БДП. Германија должи повеќе од 4,3 трилиони долари, или околу 72,5 отсто од најголемата европска економија. Според прогнозите на експертите, нивото на долгот на Германија кон БДП следната година ќе биде помало од 70%.

Втората по големина економија во светот, Кина, имаше национален долг од нешто помалку од 9 трилиони долари пред пандемијата, што е 54,4 бруто домашен производ. Сепак, трендот на раст на кинескиот долг во однос на БДП е неповолен, бидејќи во 2014 година изнесуваше околу 41,5 отсто. Русија има околу 216 милијарди долари национален долг, или помалку од 19,5 отсто од БДП. Русија е деветта на листата на најмалку задолжени земји во светот. Според податоците од минатата година, Обединетото Кралство должи околу 3.000 милијарди долари, што е повеќе од 85% од БДП на земјата. Со оглед на Брегзит и пандемијата, треба да се очекува дека долгот на Британија во меѓувреме ќе се зголеми.

Хрватска, членка на ЕУ, има повеќе од 47,5 милијарди долари долг или 73,2 отсто од БДП. Долгот на Словенија, исто така членка на Европската унија, пред почетокот на пандемијата изнесуваше 38,68 милијарди долари, што е повеќе од 66 отсто од БДП. Јавниот долг на Босна и Херцеговина минатата година беше проценет на 7,28 милијарди долари или 36,72 отсто од БДП. Србија должи повеќе од 27 милијарди долари, што е релативно мало во споредба со горенаведените износи, но државниот долг на Србија е речиси 59 отсто од БДП. За нашата земја, јавниот долг на крајот на третиот квартал падна под 60% од БДП, позиционирајќи се на ниво од 59,3% од БДП. Тековниот јавен долг изнесува 6.950,7 милиони евра.