Во време кога се почесто се купува на интернет просторот, пазарот во Македонија е во недостиг на решенија за безбедни, брзи и едноставни трансакции. Со цел оваа листа да се пополни и да им се понуди ново решение на идните и постоечките е-трговци, компанијата Monri пристигнува на нашиот простор.
Monri оваа година присуствуваше на четвртата годишна конференција за е-трговија. Пред повеќе од 500 посетители со физичко и онлајн присуство, раководителот за развој на компанијата – Орхан Газибеговиќ подетално објасни за новите искуства во плаќањето на пазарот за е-трговија, за безбедностите при онлајн наплатата со картички и за тоа како да се подобри корисничкото искуство при купување преку интернет.
Е-трговијата брзо се разви во последната година, заради пандемијата. Македонците во текот на 2021 година ги препознаваат придобивките од онлајн купувањето и купуваат од домашните е-продавници. Имено, во текот на првите шест месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 123 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 77,2% во однос на истиот период претходната година. По квартали во првиот квартал е остварена вредност од 65,3 милиони евра додека во вториот 57,7 милиони евра. 96,7% од вредноста ја остваруваат физичките лица и забележуваат понатамошен побрз раст од правните лица. Расте и вредноста на просечната трансакција оставерена од Македонците кон домашните е-трговци и изнесува 26,6 евра и тоа кај физичките лица 28, а кај правните 11 евра. Monri WebPay – payment gateway нуди ефикасно решение за големите и малите онлајн продавници. Гледано од технолошка перспектива, Monri WebPay е опција што може да се инсталира брзо и лесно, во конфигурација која се прилагодува на големината на бизнисот на компанијата.
За да им олесни на сите, Monri WebPay има функција за плаќање со еден клик, која може да им се понуди на клиентите кои често купуваат од едно место. Тоа се одвива со безбедно складирање на информации за кредитна или дебитна картичка за да не мора повторно да ги внесуваат.
Покрај тоа тука е и функцијата PayByLink, која овозможува брзо и лесно плаќање преку линк. Кога трговецот добива нарачка преку е-пошта, социјални мрежи или апликации за пораки, тој може да креира врска за плаќање преку административниот интерфејс, која потоа ја испраќа до клиентот преку еден од веќе споменатите канали. Овој вид плаќање првенствено го користат трговците кои немаат развиена веб-продавница, но го користат и многу мали, средни и големи интернет продавници како помошна алатка за вкрстена продажба. Ваков пример се продавниците кои често ги сретнуваме на социјалните мрежи. Со цел да се избегнат проблемите околу плаќањето, PayByLink опцијата е најдобра за нивниот бизнис.
Безбедноста на плаќањето се покажа како исклучително важна денес, а со Monri ќе бидете безбедни бидејќи користи сертифицирана платформа PCI DSS Level 1. Ова е највисокото ниво на безбедност доделено од безбедносниот орган на PCI по проверка на сите безбедносни стандарди (ако давателот на порталот за плаќање го има овој сертификат, трговецот не мора да аплицира за истиот).
Ваквите алатки за е-трговијата се многу битни, а сега се достапни и за пазарот кај нас. Monri ќе им обезбеди лесно и безбедно решение на идните и сегашните трговци.
Monri Payments е формирана во 2003 година, и е една од првите даватели на платежни услуги во регионот на Југоисточна Европа. Во 2019 година станува дел од групацијата Payten/Asseco SEE и продолжува со целта да развива напредни решенија за сите видови плаќања. Нивната услуга обезбедува уникатно искуство за плаќање во физички продавници (SinglePOS), веб-продавници (WebPay payment gateway) и лесно се интегрира на формата на плаќање во рамките на мобилните апликациии на самите компании преку Android или iOS со SDK. Овие услуги ги користат трговци во малопродажба и големо продажба, угостители, превозници и многу други. Monri обезбедува висококвалитетни услуги во соработка со над 20 финансиски институции во европа, како и со неколку земји кои моментално се надвор од европската унијата – Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Во моментот бројат повеќе од 1700 клиенти и обработуват над 70 милиони трансакции (ПОС и е-трговија) годишно.
Сите заинтересирани, можат да дознаат повеќе на www.monri.com, а оние кои ќе склучат договор до крајот на годината, ќе добиjат 30 % намалување за првите шест месеци за користење на услугите.