Листа на 100 најдобри вина во светот

Познатото списание Wine Spectator ја објави својата годишна листа на топ 100 вина, направена од уредничкиот тим на оваа куќа, со оценка на параметри како што се квалитетот, вредноста за парите, достапноста и – возбудата на виното.

Првото вино на листата, кое ги остави без здив критичарите на Wine Spectator, доаѓа од долината Напа во Калифорнија – Dominus Estate е, според критичарите, кулминација на долгогодишната работа и една од круните на кариерата на Кристијан Муи, винар кој активно учествуваше во повеќе од 50 берби и чие име се изговара низ винскиот свет со голема почит.

Ова се првите пет вина кои ги одбра жирито на влијателните американски вински медиуми, а целосната листа може да ја погледнете на овој линк.

Dominus Estate 2018 годинаДолината Напа, Калифорнија 97 поени Цена: 269 долари

Château Pichon Longueville Lalande 2018 – Бордо, Франција 98 поени Цена: 198 долари

Heitz Cellar Martha’s Vineyard Oakville Cabernet Sauvignon 2016 – Долината Напа, САД 95 поени Цена: 250  долари

Merum Priorati, Priorat Desti 2018 – Пенедес, Шпанија 95 поени Цена: 49 долари

Le Chiuse Brunello di Montalcino 2016 година Монталчино, Италија 98 поени Цена: 99 долари