Apple им порача на снабдувачите да не брзаат со компонентите за iPhone13

Откако беше погоден од глобалната криза со снабдување, Apple сега се соочува со нов проблем: одложена побарувачка за време на празничната сезона.

Компонентите за најновиот смартфон iPhone13 се намалија откако Apple најави помала побарувачка. Потрошувачите одлучиле да не брзаат да го купат најновиот iPhone. Apple ја намали својата цел за производство на iPhone за 10 милиони единици годишно.

Добавувачите се надеваат дека ќе стигнат со некои од нарачките кога ќе имаат доволно компоненти, но сега Apple им кажа дека нема потреба, поради намалувањето на побарувачката.

Извршниот директор на Apple, Тим Кук, на последниот конференциски повик при објавувањето на резултатите изјави дека очекуваат рекордна продажба за овој квартал. Тоа значи дека Apple сепак може да постигне рекордни резултати.

Тие едноставно нема да бидат толку добри, колку што би сакале од компанијата.