Трамп собра 1 милијарда долари за нов бизнис

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека инвеститорите ветиле 1 милијарда долари за неговиот нов деловен потфат – платформа за социјални мрежи.

Trump Media & Technology Group работи на лансирање на апликација за социјални мрежи наречена Truth Social на почетокот на следната година.

На Трамп сè уште му е забрането да отвора профил на Твитер и Фејсбук по нападот на американскиот Капитол во јануари, односно затоа што се проценува дека поттикнувал насилни демонстранти.

„Една милијарда долари испраќа важна порака до Big Tech дека мора да се стави крај на цензурата и политичката дискриминација. Како што се проширува нашиот биланс  Trump Media & Technology Group ќе биде во посилна позиција да се бори против тиранијата на Big Tech“, рече тој.

Трамп најави дека планира да ја започне Truth Social на почетокот на оваа година, велејќи дека ќе дозволи разговор „без дискриминација врз основа на политичка идеологија“.

Trump Media & Technology Group соработува со Digital World Acquisition во овој потфат.

Во саботата, соопштија дека обезбедиле милијарда долари од „разновидна група институционални инвеститори“ без да откријат кои се тие. Според извештаите, новата компанија за социјални медиуми сега се проценува на речиси 4 милијарди долари.