Инвестициската легенда: „Никогаш нема да купам криптовалути“

Инвестициската легенда Чарли Мaнгер вели дека сегашната клима на глобалните пазари е полуда од dot-com балонот пред две децении. Бумот на криптовалутите го нарече ненормален и ја поддржа кинеската забрана за дигитален имот.

Деведесет и седумгодишниот потпретседател на Berkshire Hathaway, обраќајќи им се на австралиските инвеститори на конференцијата Sohn Hearts and Minds во петокот, ги подвлече затегнатите проценки за квалитетните компании котирани на берзата и го повтори својот екстремен скептицизам кон криптовалутите како што е биткоинот.

Мангер, десната рака на Ворен Бафет, рече дека инвестициската клима е „малку поекстремна“ отколку што видел во неговото децениско искуство и ги поддржа обидите на Кина да спречи “дел од изобилството“ што го предизвика капитализмот.

„Мислам дека бумот на dot-com беше полуд во однос на вреднувањето дури и од она што го имаме сега. Но, генерално, ја сметам оваа ера уште полуда од ерата на dot-com“, рече Мангер.

Во широка дискусија со д-р Марк Нелсон од хеџ фондот Caledonia, Мангер рече дека нема да учествува во „лудиот“ бум на криптовалутите и остро ги критикуваше промоторите на криптовалутите.

„Никогаш нема да купам криптовалути. Посакувам никогаш да не биле измислени“, рече тој.

„Мислам дека Кинезите донесоа вистинска одлука, а тоа е едноставно да ги забранат. „Мојата земја – цивилизацијата што зборува англиски – донесе погрешна одлука“, рече тој.

„Едноставно не можам да поднесам учество во овие луди бумови, вака или онака. Се чини дека функционира; сите сакаат да учествуваат во таа трка, но јас имам различен став. Сакам да заработам пари продавајќи им на луѓето работи што се добри за нив, а не работи што се лоши за нив“, рече тој.

„Верувајте ми, луѓето кои создаваат криптовалути не размислуваат за клиентите, туку само за себе“, истакна Мангер.