Samsung Galaxy S21 Ultra, Xiaomi Mi 11 Ultra и Pixel 6 Pro. Сите овие се водечки паметни телефони кои на корисниците им обезбедуваат речиси сè што можат да замислат. Сепак, покрај тоа што се фалат со водечките спецификации на пазарот, има и една досадна работа што ја споделуваат – гломазните модули на камерата што „стрчат“.
Со оглед на тоа што мислењата на корисниците се доста поделени околу овие „грбови“ на задната страна на паметните телефони, популарен производител на електроника за широка потрошувачка најави целосно нов тип на дизајн во видео на Твитер. Имено, се работи за камера што се повлекува, независно развиена од кинескиот Oppo.
Деталите засега се непознати, но Oppo се пофали дека нивниот механизам е водоотпорен и дека камерата автоматски ќе се повлече доколку телефонот падне на земја. Повеќе информации се очекуваат на настанот INNO WORLD на компанијата што ќе се одржи на 14-ти и 15-ти декември.
Иако никој сè уште не се обидел да произведе задна камера што може да се повлече, до пред неколку години, секој кинески производител имаше барем еден модел на телефон со „скокачка“ селфи камера. Многумина побрзаа да купат вакви уреди, но трендот набрзо падна во заборав, бидејќи се увиди дека таквиот механизам зафаќа многу простор, а имаше сомнежи и за неговата издржливост.
Most pop-ups are annoying…
But not our self-developed retractable camera! 😉
Explore more in INNO WORLD on 14/12.#OPPOINNODAY2021 pic.twitter.com/33hgJSw8If
— OPPO (@oppo) December 7, 2021