Цените на нафтата скокнаа за околу 8 отсто

По шестнеделен пад, светските цени на нафтата скокнаа за околу 8 отсто минатата недела бидејќи се намалија стравувањата дека ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот ќе доведе до затворање на економиите, а со тоа и до пад на побарувачката на нафта.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела скокна за 7,6 отсто, на 75,15 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 8,1 отсто на 71,67 долари.

Првиот неделен раст на цената на нафтата во последните седум недели и најголем од крајот на август се должи на ублажувањето на стравувањата за омикрон.

Цените во Лондон паднаа за 16 отсто поради омикрон помеѓу 25 ноември и 1 декември. Стравувањата стивнаа бидејќи експертите велат дека оваа варијанта на коронавирусот можеби е позаразна од претходните, но дека не е поопаснa. Производителите на вакцини, пак, велат дека или нивните вакцини може да бидат доволна заштита од новата варијанта или дека работат на вакцина против омикрон. Како резултат на тоа, се олеснија стравувањата од нови рестриктивни мерки и затворање на економиите, што би го забавило закрепнувањето од кризата со корона.

Фото: Pixabay