Oглас за вработување во Австрија: Нудат плата од 6.000 евра, но условите…

Огласот за вработување кој се појави во австриски весник  Kleine Zeitung стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот работник, но и дарежливата плата која се нуди за таа позиција.

Работодавачот нуди 15 плати годишно во износ од 6.000 евра, а за возврат бара некој кој истовремено би можел да биде домаќинка, приватен готвач, градинар и техничар.

Покрај вакцинацијата против коронавирусот, лицето потребно е да има валидна гастро или туристичка обука и работно искуство во „ексклузивни домаќинства или хотели“.

Меѓу другите невообичаени услови, беше наведено дека кандидатот треба да има „одлично однесување, негуван изглед, самоуверен став, како и апсолутна флексибилност, лојалност и дискреција“. Мора да има и „слаба волја за патување и љубов кон животните“.

На барање на магазинот Хојте, регрутерите не сакале да дадат никакви дополнителни информации за да ја заштитат приватноста на клиентот. Откриле само дека очекуваат многу  апликанти бидејќи е понудена добра плата.